Дома Македонски спорт Скопје на денешен ден го собра европскиот крем – денес стадионот е забранет од УЕФА!

Скопје на денешен ден го собра европскиот крем – денес стадионот е забранет од УЕФА!

Пред шест години на денешен ден Скопје беше епицентарот на светскиот фудбал.

Во Скопје на 8. Август 2017 година во рамките од Суперкупот на Европа гостуваа Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед и тоа беше фудбалски спектакл кој секогаш ќе се памети, сигурно најголем спортски настан кој се организирал во земјава.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Реал Мадрид место во натпреварот обезбеди како освојувач на Лигата на шампоните, додека Манчестер Јунајтед таа година ја освои Лигата на Европа. Скопје тие денови беше преполно со најголемите фудбалски ѕвезди. Покрај актерите на теренот тука беа и голем број светски легенди како: Роберто Карлос, Луис Фиго, Хавиер Занети, Сер Алекс Фергусон…Додека на теренот ги видовме: Кристиано Роналдо, Пол Погба, Серхио Рамос…Мурињо во тоа време го водеше Јунајтед, а Зидан беше на клупата на „кралевите“.

Скопје и Македонија имаа среќа тоа беше веројатно најсилниот Суперкупот кој имаше шмек и на финале во Лигата на шампионите.

На крајот трофејот го освои Реал Мадрид победувајќи го Манчестер Јунајтед со 2:1.

И со една таква доверба од УЕФА со организација на еден од најголемите европски натпревари се доведовме во ситуација денес шест години подоцна, европската куќа на фудбалот да го затвори нашиот најголем стадион.

Струга поради катастрофално лошиот терен натпреварот против Есперанж ќе го игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, иако беше планирано тој дуел да се игра на најголемата арена.

Навистина е жално што ја расипавме сликата во УЕФА и се доведовме во ваква срамна ситуација. И тоа ќе напомене дека стадионот пред само неколку месеци беше затворен за реновирање на тревникот па куп финалето од минатата сезоната беше преместено исто така на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Стадионот повторно би требало да биде отворен за натпреварот со Италија во септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ракометарките поразени со 13 разлика во втората контролка со Австрија

Maкедонските ракометарки претрпеа пораз и во втората контролка со Австрија. Ако во првиот …