Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс го предизвика гневот на навивачите на Атлетико Мадрид со признанието дека сака да игра за Барселона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Жоао Феликс по шестмесечната позајмица во Челзи се врати во Атлетико Мадрид, но јасно е дека за него нема повеќе место во тимот на Симеоне.
После еминентниот трансфер на Осман Дембеле во ПСЖ, сега Чави инсистира да биде доведен португалскиот репрезентативец.
Атлетико не сака да го пушти Феликс на позајмица и за неговата слобода бара најмалку 80 милиони евра, сума која Барселона не може да си ја дозволи.
Каталонците ќе се обидат во трансферот да го вклучат Феран Торес плус 40 милиони евра.