Италијанскиот напаѓач Џанлука Скамака минатото лето се пресели во Вест Хем, но може експресно да се врати во Серија А.
Скамака со настапите во Сасуоло се етаблираше во еден од најголемите таленти на Апенините, но во Премиер лигата се уште не може да се адаптира.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најсилен интерес за Скамака покажува Рома, која е во потрага по напаѓач, а најголема желба на Мурињо е токму Италијанецот.
Скамака веќе има комплетен договор со Рома, а директорот на „волчицата“ ќе отпатува во Лондон за да го финализира трансферот.
Рома е спремна да плати 5 милиони евра за едногодишна позајмица со можност за откуп следното лесто за додатни 22 милиони евра.