Дома Трансфер зона Марез се збогува со Сити и потпиша за Ал-Ахли

Марез се збогува со Сити и потпиша за Ал-Ахли

Фудбалерот на Манчестер Сити, Ријад Марез и официјално кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија во дресот на Ал-Ахли.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Трансферот денес го потврдија двата клуба, Сити за слободата на 32-годишниот Алжирец ќе добие 30 милиони евра.

Марез потпиша богат 3-годишен договор со Ал Ахли, кој претходно ги ангажира Роберто Фирмино од Ливерпул и Едуард Менди од Челзи.

„Играњето за Манчестер Сити беше чест и привилегија. Дојдов во клубот да освојувам трофеи и да уживам во мојот фудбал и успеав да го постигнам сето тоа и многу повеќе. Поминав пет незаборавни години во овој фудбалски клуб, работејќи со неверојатни играчи, фантастични фанови и најдобриот менаџер во светот“, истакна Марез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…