ПСЖ сериозно се вклучи во трката за младата ѕвезда на Аталанта, Расмус Хојлунд, пренесуваат италијанските медиуми.
19-годишниот Данец одигра одлично во првата сезона во Серија А, па се етаблираше во еден од најголемите таленти во Европа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Хојлунд е голема желба на Манчестер Јунајтед, кој има договор со напаѓачот, но не може да постигне договор со Аталанта.
Таквата ситуација сака да ја искористи ПСЖ, кој е во потрага по квалитетен напаѓач, а сега прво име на списокот е токму Хојлунд.
„Светците“ се спремни да ја платат сумата која ја бара Аталанта и сакаат што побрзо да го комплетираат трансферот.