Дома Трансфер зона Ѕвездата на Валенсија се договори со Милан

Ѕвездата на Валенсија се договори со Милан

Милан е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот, но не мисли да застане тука.

„Росонерите“ веќе донесоа две засилувања за средниот ред, Лофтус-Чик и Рејндерс, а сега на мета е младата ѕвезда на Валенсија, Јунус Муса.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Муса има само 20 години и оваа сезона одигра 37 меча за Валенсија, па го привлече вниманието на многу клубови.

Американскиот репрезентативец веќе се договори со Милан и сака да се пресели на „Сан Сиро“.

Милан испратил понуда од 18 милиони евра плус бонуси, па сега се чека одговор од Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Осимен

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал е силно заинтересиран за напаѓачот на Наполи, …