Милан е во напредни преговори со нигерискиот напаѓач од Виљареал, Самуел Чуквуезе, пренесуваат италијанските медиуми.
23-годишниот крилен напаѓач минатата сезона беше хит во Лигата на шампиони, а и оваа сезона одигра одлично во дресот на Виљареал со 13 гола и 11 асистенции
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Чуквуезе сака да направи чекор напред во кариерата и ова лето да ја промени средината, а веќе постигнал договор со Милан.
„Росонерите“ веќе подолго време се во преговори со Виљареал, а според последните информации двете страни се блиску до договор за трансфер тежок 30 милиони евра.
📰 @86_longo: Chukwueze 'very close' as #ACMilan make final evaluations on €30m dealhttps://t.co/6St2b0BAHN #SempreMilan
— SempreMilan (@SempreMilanCom) July 20, 2023