Дома Фудбал Англија Озил одби нов договор со Арсенал – Сега има само една желба, но таа многу ќе ги налути навивачите на Арсенал

Озил одби нов договор со Арсенал – Сега има само една желба, но таа многу ќе ги налути навивачите на Арсенал

Англискиот портал „Sunday Mirror“ денеска пренесува многу лоши информации за навивачите на Арсенал.

Еден од најдобрите играчи на Арсенал, Месут Озил одлучил да ја одбие можноста за продолжување на договорот со Арсенал. Потсетуваме, неговиот сегашен договор истекува следното лето и Арсенал би можел без оштета да остане без најважниот член од средниот ред.


Озил, наводно, е незадоволен во Арсенал, бидејќи му е јасно дека нема да може да освои ниту еден трофеј, а за месец дена ќе наполни 29 години и крајно време е да ја промени средината. Сега тој има само една желба – соработка со Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ би можеле бесплатно следното лето да го добијат Озил, што сигурно би прифатиле, а ваков расплет на ситуацијата е се поизвесен, освен ако Арсен Венгер не добие некоја идеја во следните неколку месеци.

Потсетуваме, освен Озил, Арсенал најверојатно следното лето ќе остане и без Алексис Санчез, чиј договор исто така истекува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатно: Манчестер јунајтед сезонава не успеал да врзе две победи!

Завршувањето на оваа кошмарна сезона за Манчестер Јунајтед во Премиер Лигата носи оставена…