Дома Фудбал Останато Ужас: Тренер дрогирал и силувал деца од неговиот клуб

Ужас: Тренер дрогирал и силувал деца од неговиот клуб

Tренерот на фудбалскиот клуб Тенеси Камило, Хуртадо Кампос е обвинет дека дрогирал и силувал најмалку десет момчиња од овој клуб.

Полицијата објави дека во неговиот телефон пронашла фотографии и снимки од децата. Се започнало така што вработени од локален клуб на 22-ри јуни ја контактирале полицијата откако пронашле телефон кој се покажало дека е на тренерот Кампос. Работниците се обиделе да утврдат кој е сопственик на телефонот и тогаш ги виделе снимките од децата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Кампос бил уапсен уште следниот ден со обвиненија за силување и сексуална злоупотреба на малолетници. Детективните го прегледале телефонот и пронашле уште стотина фотографии и снимки. Полицијата во соопштението додаде и дека Кампос се снимал самиот себе во текот на силувањето на децата, дел од нив биле и без свест.

Сите деца биле помеѓу девет и 17 години. Две жртви на Кампос биле идентификувани и се работи на утврдување на идентитетот на останатите. Се истакнува и дека децата можеби и не знаат дека биле жртви.

На првото рочиште од судењето кое започна во понеделеник, Кампос со кауција од 525.000 долари е пуштен да се брани од слобода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Што се случува со Гвардиола? Само исчезна…

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не се појави на прес-конференцијата пред нивна…