Норвешкиот Клоштад започна голем и скап проект, но уште на стартот се соочуваат со големи финансиски проблем, барем според пишувањата на медиумите во оваа земја.
Клубот ги доведе домашните ѕвезди: Тобјорн Бергеруд, Магнус Гулеруд и Ветле Ек Ага, пото и Исланѓаните Гудјонсон и Смарасон. Летово во тимот треба да пристигнат Сандер Сагосен, Магнус Аблевик Род, Горан Јоханесон...Сепак, сега се појавиле проблеми.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во само две години буџетот за плати на тимот се зголемил за повеќе од шест пати, па сега раководството побарало кратење на платите.
Наводно од ракометните ѕвезди од кои некои се уште се и без прв одработен тренинг било побарано да земат 30% и 20% помали плати. Информациите не се потврдени, меѓутоа норвешките медиуми се повикуваат на извори блиски до клубот.
Ќе потсетиме, Клоштад во Лигата на шампионите ќе игра во група со македонскиот шампион, Еурофарм Пелистер.