Дома Фудбал Англија Тажна вест: Почина поранешниот репрезентативец и фудбалер на Манчестер Јунајтед

Тажна вест: Почина поранешниот репрезентативец и фудбалер на Манчестер Јунајтед

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гордон Меквин почина во 70-година од животот по долга борба со деменцијата, трагичната вест ја потврди неговото семејство.

Меквин за Манчестер Јунајтед собра 184 настапи, а успеа да го освои и ФА Купот. За првпат деменцијата му беше откриена во 2021 година. Состојбата му се влоши во последните денови не можеше да стане од кревет, тешко внесуваше течности и храна.

Покрај Манчестер Јунајтед настапуваше уште за Лидс за кој одигра 140 настапи и Сент Мирен чиј дрес го носеше на 57 натпревари. Во репрезентацијата на Шкотска забележа 30 натпревари.

По завршувањето на кариерата долго време работеше и како стручен констултат во англиските телевизии.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус се приближува до Волтемаде

Јувентус се обидува да го ангажира напаѓачот на Њукасл, Ник Волтемаде. Според италијанскит…