Вечерва се игра финалето во Лигата на шампионите во кое се среќаваат Манчестер Сити и Интер, а фаворитската улога ја има англискиот тим.
Со оглед на формата во текот на сезоната избраниците на Пеп Гвардиола се фаворити, но ако се погледне традицијата има работи кои одат во прилог на Италијанците.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ако Интер победи ќе продолжи неверојатната низа од 14 години во која секогаш во европскиот шампион имал барем еден Хрват. Во редовите на Манчестер Сити нема хрватски фудбалер, Интер го има Марсело Брозовиќ.
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги нема загубено финале. Во кариерата како тренер Инзаги го водеше Лацио во два купа и Суперкупа на Италија, а во исто толку купови и суперкупови и Интер. Во сите излегол како победник.
Интер секогаш освојувал европска титула кога противникот „бркал“ триплета. Манчестер Сити претходно го освои ФА Купот и Премиер лигата. Интер во триплета ги спречил, Реал Мадрид во 1964 година, Бенфика во 1965 и Баерн Минхен во 2010 година. Токму во таа 2010 година со Горан Пандев во составот, Интер стигна до триплета.
Вест Хем освои европски трофеј, на прв поглед овде нема никаква поврзаност, но има. Претходниот европски трофеј Вест Хем го освои во 1965 година, токму годината кога Интер ја победи Бенфика и го освои тогашниот Европски куп.
Секако традицијата не мора ништо да значи, но останува да видиме како ќе биде вечерва…