За да го водите ПСЖ, треба да биде подготвени за голем притисок.
Унаи Емери во моментов е тоа лице. Го води ПСЖ, има многу ѕвезди во тимот и знае што се очекува од клубот оваа сезона. Се разбира, клубот кој ги има Квани, Мбапе и Нејмар… има и високи амбиции. Управата на ПСЖ очекува да ја освојат титулата која минатата сезона ја освои Монако, а втората е, се чини, многу потешка и до таа Парижаните многу потешко ќе дојдат.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Имено, како што јавуваат медиумите во Франција, Емери објасни дека парите се трошат исклучиво само за да се направи успех во Лигата на Шампионите. Доколку ПСЖ не дојде барем до полуфиналето во ЛШ, Емери ќе добие отказ. Тој има договор со Парижаните и истиот ќе го продолжи доколку ја реализира целта, а доколку тоа не се случи, ПСЖ ќе си бара нов тренер.