Maнчестер Јунајтед започнал преговори со Хари Кејн, објави британски „Телеграф“.
Постојано се најавува трансфер на Кејн, но засега тој се уште го носи дресот на Тотенхем. Сепак, како што стојат работите, изгледа дека Кејн токму сега е поблиску до заминување од било кога претходно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, Манчестер Јунајтед ги остварил првите контакти со претседателот на „петлите“, Даниел Леви. Очекувањата се Тотенхем да бара сума помѓу 80 и 100 милиони фунти.
Manchester United have started due diligence on making a summer bid for Harry Kane. Growing expectation he will not sign a new Tottenham contract in the summer #thfc #mufc https://t.co/gGxQ0OFm7m
— Matt Law (@Matt_Law_DT) April 24, 2023
Договорот на Кејн со Тотенхем истекува на наредната сезона. Се шпекулира дека Кејн прво ќе се обиде да го продаде Кејн во клуб кој не е од Премиер лигата, но ако напаѓачот инсистира на заминување и понудата од Јунајтед е прифатлива тогаш може да видиме и ваков трансфер.
Засега не е објавено колку Манчестер Јунајтед е спремен да понуди и дали станува збор за понуда во рамките на очекувањата на Леви.