Дома Фудбал Италија Кварацхелија става потпис, познати сите детали

Кварацхелија става потпис, познати сите детали

Квича Кварацхелија е вистинско откритие на Серија А оваа сезона и се промовираше во вистински лидер на Наполи, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Грузиецот има ефект од 12 гола и 12 асистенции на 23 натпревари во Серија А, па заедно со Осимен го води Наполи кон Скудетото после многу години.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Неколку европски гиганти покажуваат сериозен интерес за Грузиецот, но Наполи нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и е блиску до продолжување на договорот.

Веќе е постигнат договор, па Кварацхелија наскоро ќе стави потпис на нов договор до 2028 година според кој ќе заработува 4 милиони евра по сезона.

Не е познато дали во договорот ќе има откупна клаузула, но медиумите шпекулираат дека таа може да изнесува 150 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Уште еден македонски фудбалер може да се пресели во Шкотска!

Дефанзивецот Бесир Исени е на чекор од нов предизвик во кариерата, а според најавите, можн…