Дома Фудбал Италија Официјално: Милан се раздели со генералниот директор

Официјално: Милан се раздели со генералниот директор

Газидис е еден од највлијателните спортски менаџери и значително ја подобри финансиската ситуација на „росонерите“ во изминатите четири години.

Откако ова лето Милан доби нови сопственици, стана јасно дека Газидис ќе си замине, а неговиот договор истекува на 5-ти декември.

Под негово водство, клубот се врати во Лигата на шампиони по седум години пауза, а минатата сезона го освои Скудетото.

„По четири прекрасни, тешки години си заминувам од Милан. Му должам толку многу на овој клуб, на луѓето, фановите и на овој град кои буквално ми го спасија животот. Ако клубот е во подобра положба сега од моментот на моето пристигнување, тоа е поради работата на луѓето со кои бев опкружен, од сопствениците, иректорот, тренерите, спортските директори, фудбалерите и секое момче и девојче кое е во нашите академии“, изјави Газидис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лазар Јовановиќ повторно остана на клупа, Удинезе потопен од Лече

Скапиот летен ангажман на Удинезе сè уште не добива вистинска шанса. Лазар Јовановиќ повто…