Дома Фудбал Италија Навивачите бараат оставка од Алегри, тој смета дека ова не е дебакл

Навивачите бараат оставка од Алегри, тој смета дека ова не е дебакл

Јувентус синоќа доживеа уште еден пораз од Бенфика и ја заврши авантурата во Лигата на шампиони уште во групната фаза.

Јувентус игра слабо и во италијанското првенство каде заостанува 10 бода зад лидерот Наполи, па навивачите се бесни на тренерот Алегри.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Како што објави „Кориере дело спорт“ навивачите на Јувентус го кренаа хаштагот #AllegriOut на врвот на социјалните мрежи. Тие бараат тој сам да си поднесе оставка или клубот да му врачи отказ.

„Ова не би го нарекол дебакл. Порази има и во фудбалот. Жал ни е и бесни сме. Пристапот беше повеќе од погрешен. Влеговме премногу меко во одбраната. Охрабрува што тимот го заврши натпреварот на добар начин, што значи дека физички сме добро подготвени. Мора да продолжиме да работиме“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Официјално: Потврдено новото засилување на Рома!

Французинот Флорен Гизолфи ќе стане нов спортски директор на Рома, објави неговиот досегаш…