Дома Фудбал Италија Пиоли: Мечот против Јувентус вреди повеќе од три бода

Пиоли: Мечот против Јувентус вреди повеќе од три бода

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли призна дека „росонерите“ не играле на своето ниво против Челзи и дека мора веднаш да се вратат на победите.

Утре шампионот го пречекува Јувентус, а Пиоли истакна дека ова е меч кој вреди повеќе од 3 бода.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Некои натпревари вредат повеќе од три бода, а утрешниот меч ја има таа тежина. Ние сме секогаш мотивирани без разлика на противникот. Не ја покажавме нашата игра против Челзи, па решени сме да се вратиме на победите. Допуштаме многу голови и треба да се подобриме. Челзи ги искористи сите наши грешки, треба да покажеме дека ја научивме лекцијата“, истакна Пиоли.

„Тео Хернандес вчера тренираше со тимот и ако денес тренира ќе биде спремен за утре. Што се однесува со критиките за Де Кетелар исто беше и со Леао пред две години, па сега е еден од најдобрите. Јас верувам во Чарлс и сметам дека е на вистинскиот пат“, додаде Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…