Дома Фудбал Италија Милан објави зголемување на приходите и намалување на загубите

Милан објави зголемување на приходите и намалување на загубите

Раководството на италијанскиот шампион Милан го објави финансискиот извештај за сезоната 2021/22.

Според информациите се гледаат две позитивни тенденции во клупските финансии. Едната е намалувањето на загубите со скоро 30 милиони евра, кои сега изнесуваат 66,5 милиони евра.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Исто така се забележува 14% зголемување на приходите кои сега изнесуваат скоро 300 милиони евра.

Како причина за ова се посочуваат отварањето на стадионот во полн капацитет после пандемијата, како и новите спонзорски договори на „росонерите“.

Малдини неодамна истакна дека финансиската ситуација на клубот е се подобра и од следната година ќе има многу повеќе ресурси за вложувања во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Голманот на Челзи се забавуваше на хитот на Ханка Палдум 🎥

Чуварот на мрежата на лондонски Челзи, Ѓорѓе Петровиќ е снимен како се забавува на хит пес…