Оливие Жиру е блиску до потпишување на нов договор со италијанскиот шампион Милан, пренесува „Газета дело Спорт“.




Жиру наскоро ќе наполни 36 години, но се уште игра на врвно ниво.Французинот е еден од најважните фудбалери на Милан и еден од најзаслужните за освоената титула минатата сезона.




Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Неговиот договор со „росонерите“ истекува на крајот на сезоната, но Милан сака да го задржи и веќе започна преговори за продолжување на соработката.




Двете страни се блиску до договор и наскоро Французино ќе потпише договор до 2024 година со опција за уште една сезона.