Дома Трансфер зона Милан во Челзи го најде наследникот на Ибрахимовиќ

Милан во Челзи го најде наследникот на Ибрахимовиќ

Милан е силно заинтересиран за младиот напаѓач на Челзи, Армандо Броја, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Приоритет на Милан следното лето ќе биде доведување на централен напаѓач, а на врвот на списокот е токму Армандо Броја.

21-годишниот напаѓач минатата сезона ја помина на позајмица во Саутемтон каде одигра одлично и го привлече вниманието на „росонерите“.

Оваа сезона е во Челзи, но не добива голема минутажа, па Милан сака да ја искористи ситуацијата и да го доведе на „Сан Сиро“.

Златан Ибрахимовиќ ја игра последната сезона во кариерата, а во Милан веруваат дека Броја може да биде негов наследник.

Њукасл, Вест Хем и Борусија Дортмунд се исто така заинтересирани за напаѓачот, а Челзи за неговата слобода бара 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…