Во претходните десет години ПСЖ имаше неколку трансфери кои беа изненадувачки и не им беа јасни на сите.
Меѓу тие трансфери е и полскиот играч за врска Грегори Кричовијак, кој во ПСЖ пристигна во летото 2016 година од Севиља, а парижаните за него платија 30 милиони евра. Кричовијак имаше две одлични сезони во Севиља и го привлече вниманието на многу европски клубови, но никој не очекуваше дека ќе заврши во ПСЖ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Полјакот се покажа како големо промашување за францускиот клуб бидејќи воопшто не играше, а последните пет години во главно беше испраќан на позајмици.
Кричовијак има уште две години договор и речиси сите заборавија дека тој се уште е играч на ПСЖ. Летото замина на позајмица во Краснодар, но по почетокот на војната во Украина го напушти рускиот клуб, а вториот дел од сезоната го одигра за АЕК.
Потоа полскиот играч за врска повторно се врати во ПСЖ и ги започна подготовките за новата сезона. Сепак, јасно е дека нема да застане тука и се чини дека парижаните конечно ќе се ослободат од Полјаците.
Фабрицио Романо најави дека Кричовијак најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија. ПСЖ веќе е во преговори со Ал Шабаб и наскоро се очекува официјална потврда бидејќи и Кричовијак дал зелено светло за овој трансфер.
Кричовијак за шест години одигра само 19 натпревари во дресот на ПСЖ, а извесен период настапуваше и за резервниот тим на францускиот клуб.