Пауло Дибала не го продолжи договорот со Јувентус, се прости на крајот на сезоната, па иако се очекуваше брзо да се реши неговиот статус, сепак се уште е слободен агент.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Се чинеше дека неговиот трансфер во Интер е пред реализација, „нероаѕурите“ долго време преговараат со неговиот агент, но никако да најдат заеднички јазик.




Притоа, Интер после доаѓањето на Лукаку му порачал на Дибала дека треба да почека клубот најпрво да се ослободи од Санчез и Џеко за да го финализира трансферот.




Таквата ситуација не му се допаѓа на Дибала, кој сега е спремен да слушне други понуди, а во трката за неговиот потпис се вклучи Милан.
„Република“ пренесува дека „росонерите“ се спремни да му понудат 4,5 милиони евра плус бонуси, што е приближно на понудата од Интер.