Дома Трансфер зона Гвардиола спреми богата понуда за Леао

Гвардиола спреми богата понуда за Леао

Пеп Гвардиола е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалецот се етаблираше во еден од најдобрите млади фудбалери во Европа и беше избран за МВП на сезоната во Серија А.

Неговиот договор со Милан е до 2024 година во кој има откупна клаузула од 150 милиони евра.

Гвардиола во него гледа идеална замена за Стерлинг, кој заминува ова лето и е спремен да понуди 80 милиони евра за Португалецот.

Милан не сака да го продаде Леао бидејќи смета дека е најважен играч во тимот, па веќе започнал преговори за продолжување на соработката.

Меѓутоа, доколку нема прогрес во преговорите со крајот на преодниот рок би можел да ја прифати понудата од „граѓаните“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…