Дома Трансфер зона ПСЖ испрати нова понуда за Скриниар, Интер спремен да ја прифати

ПСЖ испрати нова понуда за Скриниар, Интер спремен да ја прифати

Главна трансфер цел на ПСЖ ова лето ќе биде дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Новиот спортски директор на ПСЖ, Луис Кампос пред неколку дена беше во Милано и започна првични преговори за трансфер на Скриниар.

„Нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми и се спремни да продадат најмалку една своја ѕвезда, а најверојатно тоа ќе биде Скриниар.

Првата понуда од 50 милиони евра експресно беше одбиена, бидејќи Интер за слободата на дефанзивецот бара 70 милиони евра.

ПСЖ сега испрати нова понуда од 60 милиони евра плус бонуси и двата клуба се блиску до договор.

Според информациите дефанзивецот веќе се договорил со „светците“ за петгодишна соработка и плата од 7,5 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…