Дома Трансфер зона Баерн ја одби и втората понуда од Барса за Левандовски

Баерн ја одби и втората понуда од Барса за Левандовски

Баерн Минхен ја одбил и втората понуда од Барселона за Роберт Левандовски, пренесуваат каталонските медиуми.

Барселона понудила 32 милиони евра плус 5 милиони во форма но бонуси, но Баерн ја одбил понудата.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Германскиот шампион се помири со фактот дека ќе се раздели со Левандовски, но за неговата слобода бара најмалку 40 милиони евра.

Полскиот гоолгетер одби да го продолжи договорот, сака да си замине и веќе има комплетен договор со Барселона.

Во наредните денови се очекува Каталонците да испратат нова понуда и да ги задоволат финансиските барања на Баварците.

ПСЖ и Челзи исто така ја следат ситуацијата, но Левандовски ја избра Барселона и сака трансфер на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…