Каталонскиот гигант Барселона го презеде првиот конкретен чекор за ангажман на напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски.
Како што е познато Левандовски одбива да го продолжи договорот со Баерн и сака да се пресели на „Камп Ноу“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите објавија дека веќе има договор со каталонскиот клуб, кој сега испрати и прва официјална понуда за негов ангажман.
Барселона е подготвена да му исплати 32 милиони евра обештетување на Баерн, бидејќи Полјакот влезе во последната година од договорот.
Раководството на Баерн Минхен најавуваше дека Левандовски ќе остане и следната сезона на „Алијанц арена“, но сега тоа е малку веројатно, а за неговата слобода бара 35 милиони евра.