Арсенал повторно го обновува интересот за дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Топчиите“ сакаа да го ангажираат Французинот во јануари, но тогаш не беше постигнат договор. Од „Емирати“ сега подготвува нова понуда за 28-годишниот дефанзивец.




Умтити веќе подолго време не е во плановите на Каталонците, но досега одбиваше да си замине. Тој има договор до 2026 година, но Барса ќе направи се за да се ослободи од него на лето, па Арсенал може да го донесе за солидна сума.




Веста за интересот на Арсенал за Умтити доаѓа само неколку дена откако стана јасно дека Јувентус го сака дефанзивецот на „топџиите“ Габриел Магалаеш. Се шпекулира дека францускиот дефанзивец ќе биде замена за Бразилецот, кој ќе биде продаден на „старата дама“.