Дома Трансфер зона Реал и Манчестер Јунајтед го сакаат Канте

Реал и Манчестер Јунајтед го сакаат Канте

Англиските медиуми пренесуваат дека Нголо Канте  на лето би можел да го напушти Челзи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Раководството на Челзи планира големи промени на тимот во текот на летниот преоден рок, а клубот може да го напушти и миленикот на навивачите.

31-годишниот Канте на лето ќе влезе во последната година од договорот и „сините“ веруваат дека сега е идеално време за негова продажба.

Во моментов во Челзи се е „блокирано“ и се чека новиот сопственик да го преземе работењето со клубот, но медиумите тврдат дека на лето ќе има големи промени.

Интерес за Канте покажуваат Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, кои внимателно ја следат ситуацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…