Италијанските медиуми пренесуваат дека Лион и Интер се сериозно заинтересирани за играчот на Баерн Минхен и француски репрезентативец, Корентин Толисо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
27-годишниот играч за врска на лето ќе биде слободен агент бидејќи нема да го продолжи договорот со Баерн Минхен.
За него интерес покажаа неколку европски гиганти, а најконкретен е интересот на Интер и Лион, кои веќе доставиле понуда до неговиот агент.
Лион сака да го врати во своите редови, каде што ја доживеа својата афирмација.
Од друга страна Интер во него гледа идеална алтернатива за Брозовиќ и засилување на средниот ред.