Дома Трансфер зона Ливерпул договори уште една ѕвезда на Порто

Ливерпул договори уште една ѕвезда на Порто

Ливерпул има исклучитело добри односи со Порто, откако во јануари го договори трансферот на Луис Дијаз.

Медиумите откриваат дека Ливерпул сега има договор со Порто, доколку трет клуб сака да го привлече играчот од средниот ред Фабио Виеира, Порто ќе мора да ги извести„црвените“, а Ливерпул ќе има предност да го купи португалскиот младински репрезентативец.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Виеира важи за еден од најголемите португалски таленти, има уште три години договор со Порто, а за него силен интерес покажува и Арсенал.

Виеира, кој на крајот на месецот ќе наполни 22 години, одигра одлична сезона во Порто, со седум гола и 15 асистенции.

Ливерпул веќе договори нов играч за врска, станува збор за 19-годишниот плејмејкер на Фулам, Фабио Карваљо, кој официјално ќе стане играч на „црвените“ на 1 јули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Столе Димитриевски спремен да преговара за трансфер во Саудиска Арабија?

Maкедонскиот голман Столе Димитриевски според информациите на дел од медиумите има понуда …