Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Филипе Кутињо останува во Астон Вила во перманентен трансфер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бразилецот минатото лето се пресели во Астон Вила на едногодишна позајмица, а англискиот клуб сега постигна договор со Барселона за целосен откуп на Кутињо.
Каталонскиот клуб соопшти дека за трансферот на Кутињо ќе добие 20 милиони евра и половина од сумата за која Астон Вила би го продала Бразилецот во иднина.
Тоа е голема загуба за Барселона, ако се земе во предвид дека за него платија 140 милиони евра, а Кутињо никогаш не ги оправда очекуавњата на „Камп Ноу“.