Чави Хернандес јасно му стави до знаење на раководството дека сака да направи нов проект во Барселона.
Тоа значи дека следуваат драстични промени на лето, па медиумите тврдат дека за дури 10 фудбалери нема да има место во тимот на Чави.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
На сите тие фудбалери Чави во наредните денови јасно ќе им стави до знаење дека нема да смета на нив, па ќе имаат време да можат да си најдат нови клубови ова лето.
Барселона има проблем со високите плати, па со нивното заминување ќе може добро да го растерети буџетот.
Списокот на играчи кои ќе го напуштат клубот ова лето е подолг: Нето, Ленгле, Оскар Мингуез, Умтити, Депај, Братвајт и Пјаниќ.
Адама Траоре и Лук де Јонг кои се на позајмица ќе бидат вратени во своите клубови, додека Рики Пуиг најверојатно ќе биде испратен на позајмица.