Дома Македонски спорт Барселона и понатаму го сака Димитриевски!

Барселона и понатаму го сака Димитриевски!

Неодамна македонскиот голман Столе Димитриевски потврди дека во јануари бил блиску до преселба во Барселона, но трансферот не се реализирал затоа што Бразилецот Нето одбил да си замине од редовите на Каталонците. Меѓутоа „Ел Национал“ денес објави дека Димитриевски се уште е желба на Барселона.

Според информациите на споменатиот медиум Димитриевски бил на списокот желби кој Чави го испратил на директорот Метју Алемани за претстојниот преоден рок кога се очекува во Барселона да се случи сериозна реконструкција.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Нето заминува на лето, па така позицијата на втор голман останува празна, а Димитриевски се уште е желба на Барселона. Доколку не се реализира трансферот на Димитриевски резервна опција е враќање на Ињаки Пења кој е на позајмица во Галатасарај“, пишува „Ел Национал“.

Димитриевски со Рајо има договор уште две години, па ова веројатно е последна можност за шпанскиот тим добро да заработи од заминувањето на македонскиот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…