Дома Фудбал Останато Изборите во САД беа „лесен залак“, „кралот на прогнозите“ се проба во фудбалот: Еве кој ќе се радува на крајот

Изборите во САД беа „лесен залак“, „кралот на прогнозите“ се проба во фудбалот: Еве кој ќе се радува на крајот

Човекот кој ги прогнозираше изборите во Америка, сега се проба во фудбалот: Еве кој ќе слави на крајот според него!

Нејт Силвер, човекот кој ги прогнозираше претседателските избори во Америка и важи за експертски прогнозер, во минатото се занимаваше и со фудбалот, а еве кои се неговите предвидувања за најголемите фудбалски лиги во светот.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Силвер во Америка го нарекуваат „кралот на прогнозите“, а стана славен кога ја предвиде победата на Барак Обама во 49 од 50 држави. Истото го направи и четири години подоцна, не е во прашање никаков пророк, туку само статистичар кој сега понуди и прогонзи во фудбалот.

„Кралот на прогнозите“, смета дека Премиер лигата ќе добие на нов шампион, а тоа ќе биде Манчестер Јунајтед, зад него ќе следуваат Челзи и Манчестер Сити. Во Шпанија титулата ќе ја одбрани Реал Мадрид, пред Барселона и Атлетико, во Германија очекувано, Баерн, додека второто и третото место ќе бидат резервирани за Борусија Дортмунд, односно Лајпцинг.

Според Силвер, најинтересно ќе биде во Серија А, не за шампионската титула туку во борбата местата кои водат во Европа.

Американскиот гуру прогнозира дека Јувентус нема да има посериозен ривал во борбата за титулата и ќе освои 83 бода, девет бода повеќе од Наполи и Рома кои ќе бидат втори и трети. Во Лигата на шампионите според него место ќе избори и Интер, додека изненадувачки е фактот што Милан кој доведе најмногу засилувања ова лето го смести на петата позиција, шестото место беше резервирано за екипата на Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мбапе повеќе нема да биде капитен на Франција? Л’eкип: Ситуацијата е сложена

КИЛИЈАН МБАПЕ (25) не беше дел од француската репрезентација за натпреварите со Израел и Б…