Дома Фудбал Англија Гвардиола доби прашање за најавениот трансфер на Халанд

Гвардиола доби прашање за најавениот трансфер на Халанд

Од утрово на големо се пишува за иднината на Ерлинг Халанд, односно дека неговиот трансфер во Манчестер Сити е скоро договорена работа.

„Скај Спорт“ објави дека Сити прифатил да ја плати клазулата од 75 милиони евра и дека Халанд во Манчестер ќе добива плата од 500.000 фунти неделно. Пеп Гвардиола доби прашање на оваа тема на денешната прес-конференција, сепак не сакаше да открие многу.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Немам одговор на прашањето кое ми го поставувате. Во овој момент имам многу други поважни работи за да мислам на следната сезона, ќе мислиме кога оваа ќе заврши. Не сакам во период кога се бориме за трофеи да зборуваме за трансфери“, изјави Гвардиола.

Најавата на „Скај Спорт“ беше дека Сити со сите сили ќе тргне по Халанд и нема да си дозволи да остане без него како што минатото лето остана без Хари Кејн иако и тој трансфер многу се најавуваше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шампионската лига се врати со многу голови и интересни резултати

Шампионската лига се врати спектакуларно, бидејќи првите шест натпревари од главната фаза …