Една од најжешките теми на лето ќе биде сигурно иднината на Антонио Рудигер, на кого му завршува договорот со Челзи.
Германскиот дефанзивец има договор со Челзи до крајот на сезоната, а од клубот потврдија дека на лето ќе замине како слободен агент.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ваквата ситуација предизвика огромен интерес од многу европски гиганти за неговиот потпис. Според последните информации главната битка за неговиот потпис ќе се води помеѓу Реал Мадрид, ПСЖ и Манчестер Јунајтед.
Рудигер бара беделна плата од 115.000 фунти, како и бонус од 20 милиони евра при потпис на договорот.
Трите европски гиганти се спремни да ги исполнат овие финансиски услови и веќе преговараат со неговиот агент.
Англиските медиуми тврдат дека после елиминацијата на Челзи од ЛШ ќе се забрзаат преговорите и Рудигер ќе донесе конечна одлука во наредните недели.
Antonio Rudiger's future to accelerate after Chelsea's Champions League exit with Real Madrid, PSG and Manchester United all interested in signing the defender https://t.co/6z6C4TraVM
— MailOnline Sport (@MailSport) April 13, 2022