Салцбург е познат како клуб кој во последните години лансираше голем број на таленти, а сега има нова ѕвезда за која се „тепаат“ европските гиганти.
Станува збор за 21-годишниот Бренден Аронсон, кој во јануари минатата година пристигна во Салцбург од Филаделфија.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Најсилен интерес за него покажува англискиот гигант Ливерпул, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Салцбург за слободата на својот „бисер“ бара 25 милиони евра, сума која нема да претставува проблем за „црвените“ кои сакаат да ја победат конкуренцијата.
Аронсон оваа сезона на 35 меча постигна 5 гола и запиша 10 асистенции, а особено се истакна во натпреварите од Лигата на шампиони.