Во текот на вчерашниот ден се појави информација дека Роберт Левандовски донел одлука и веќе ги информирал челниците на Баерн дека планира да си замине ова лето.
Полскиот напаѓач има уште една година од договорот со германскиот гигант. Како главен кандидат за негово доведување е Барселона, меѓутоа Каталонците ќе мораат да платат оштета.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според весникот „Спорт“ Баерн за Левандовски ќе бара сума од 60 милиони евра.
Засега не е познато дали оваа сума би претставувала проблем за Барселона која нема преголем буџет на располагање поради финансиската криза.