Јувентус вчера беше поразен од Интер во 31. коло од италијанската Серија А со минимални 0:1.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Натпреварот беше решен во завршницата од првото полувреме кога Хакан Чалханоглу постигна гол од пенал. Откако Алваро Мората го нагази Думфрис судијата на Интер покажа на белата точпка. Шчесни го одбрани првиот удар на Чалханоглу, топката после една мешаница и турканица заврши во мрежата.




Главниот судија на натпреварот гледаше ВАР, а на крајот место прекршок во напад и поништување на голот што беше негова првична одлука досуди повторување на пеналот затоа што Де Лихт предвреме влезе во шеснаесетникот. Од вториот обид Чалханогл не погреши.




Во тие моменти стратегот на „старата дама“ Масимилијано Алегри буквално збесна. Еден ден по дербито е откриено и што Алегри му кажал на судијата. Алегри најмногу реагирал затоа што сметал дека воопшто не ни требало да дојде до пенал.




„Ова не е пенал, за што по ѓаволите ти зборуваш…“, биле зборовите со кои згрмел Алегри.
*rozsierdzony*
— JuvePoland (@JuvePoland) April 3, 2022
pic.twitter.com/UDKS4zi4lW