Репрезентацијата на Русија според последните информации сериозно размислува да излезе од УЕФА.
До вакво размислување Русите дојдоа со санкциите кои им ги постави Европската куќа на фудбалот. Русија наводно би ја напуштила УЕФА и би стана членка на Азиската фудбалска федерација.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На ова прашање би требало да се разговара во четврток по конгресот на ФИФА каде што на дневен ред ќе биде ситуацијата на Русија.
Наводно, главниот спортски инсајдер, Нобел Арутамајан најавил дека Русија ќе ја напушти Европската куќа. Останува да видиме каков ќе биде исходот, се би требало да биде познато до крајот на оваа недела.