Дома Фудбал Лига на шампиони Де Геа: Манчестер Јунајтед е преголем клуб за пет години да биде без трофеј

Де Геа: Манчестер Јунајтед е преголем клуб за пет години да биде без трофеј

Давид Де Геа очекувано беше разочаран после поразот и елиминацијата од Атлетико Мадрид во осминафиналието во Лигата на шампионите.

Елиминацијата на Манчестер Јунајтед значи дека клубот и сезонава ќе остане без трофеј. Последен пат кога Јунајтед освои трофеј беше 2017 година, тогаш ја освоија Лигата на Европа.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Премногу години без трофеј, уште полошо е што и не сме во некоја борба за трофеи. Мислам дека треба да бидеме јасни – сакаме да освојуваме трофеи или сакаме да се бориме за топ 4 во Премиер лигата. Да бидеме во ЛШ, а потоа да испаѓаме во четвртфинале или осминафинале како денес. Овој клуб е преголем да биде пет години без трофеј. Сите во клубот треба да направат многу повеќе“, изјави Де Геа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Анчелоти пред реваншот против Арсенал: Магија не постои

Тренерот на Реал Мадрид Карло Ачелоти изјави дека неговите играчи мора да ја контролираат …