Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги сигурно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната како слободен агент.




26-годишниот напаѓач не добива голема минутажа кај Јирген Клоп, па тоа е причината поради која сака да ја промени средината.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Договорот на Белгиецот завршува на крајот на сезоната, па тој сега е слободен да преговара со заинтересираните клубови.




Неговите агенти стапиле во контакт со Милан и започнале преговори со „росонерите“.
Малдини е во потрага по напаѓач, бидејќи Ибра и Жиру се веќе во поодминати фудбалски години, па италијанскиот гигант сака да ги слушне финансиските барања на Белгиецот.
Преговорите се во тек, па останува да се види дали двете страни ќе постигнат договор.