Дома Трансфер зона Барселона потпиша со 18-годишен тинејџер и му стави клазула од 100 милиони евра

Барселона потпиша со 18-годишен тинејџер и му стави клазула од 100 милиони евра

Eкипата на Барселона го потврди трансферот на младиот фудбалер Пабло Торе од Расинг Сантантдер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој 18-годишен тинејџер потпиша 4-годишен договор со каталонскиот гигант и на почетокот ќе игра за Барселона Б. За овој талентиран играч Барселона плати пет милиони евра. Исто така во трансферот се вклучени бројни бонуси и целиот би можел да изнесува околу 20 милиони евра.

Пабло Торе на екипата ќе и се приклучи во текот на летото, Барселона му постави откупна клазула од 100 милиони евра. Тренерот на Барселона, Чави лично разговарал со тинејџерот и успеал да го убеди да потпише за Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…