Дома Фудбал Англија Клоп: Не разбирам како еден човек може да го донесе светот во ваква ситуација

Клоп: Не разбирам како еден човек може да го донесе светот во ваква ситуација

После натпреварот на Ливерпул од Лига Купот Јирген Клоп зборуваше за ситуацијата во Украина која е главна тема и во спортот овие денови.

Од сите страни пристигнуваат санкции за Русија, а критики за Владимир Путин испрати и Јирген Клоп.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Не можев ниту да замислам дека такво нешто може да се случи. Имам 54 години не разбирам како еден човек може да го донесе светот во ваква ситуација. Низ кариерата запознав многу одлични Украинци и Руси, очигледно е дека не станува збор за луѓето, туку за војна на еден лош човек. Ова се моменти во кои мораме да покажеме солидарност, моите поранешни играчи се во војна, не знам дали сега се дома. Можеби не можеме да го запреме Путин, но можеме да му направи повеќе проблеми отколку што очекуваше“, изјави Клоп.

Ќе потсетиме Ливерпул славеше во финалето против Челзи со 11:10 после подоброто изведување на пенали. Единствениот кој промаши кај Челзи беше голманот Кепа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …