Помина точно еден месец откако Австралија го депортираше Новак Ѓоковиќ, кој се врати во Србија, каде што се подготвуваше во претходните недели за настап на другите турнири.
Ѓоковиќ завчера даде големо интервју во кое кажа дека ќе ја заврши кариерата ако не смее да игра на тениските турнири без вакцина, по што стигна покана од организаторите на турнирот во Дубаи за настап.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер ќе може да настапи и на Вимблдон оваа година, иако најпрво за настап на турнирот требаше вакцина, меѓутоа организаторите потврдија дека ќе биде доволен и само негативен тест.
„Вимблдон ги следи препораките на Владата, па за учество на турнирот ќе биде потребен антиген тест, а не и задолжителна вакцина“, кажа Тин Хенман, поранешен тенисер.
Во Англија веќе некое време се намалуваат мерките против вирусот, па тоа се добри вести за Ѓоковиќ.