Шокатна вест пристигнува од американскиот континент, веројатно најголемиот мексикански фудбалер на сите времиња се бара со потерница во САД!
Станува збор за фудбалерот кој долго време го носеше дресот и на Барселона, Рафаел Маркез. Maркез беше долгогодишен репрезентативец и капитен на репрезентацијата на Мексико за која одигра 143 натпревари и учествуваше на четири Мундијали.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Помеѓу другите клубови, Маркез го носеше дресот на Барселона и Монако, а сега се врати во својот Атлас каде што ја започна кариерата.
Имено, американската полиција го означи како соработник, односно еден од водечките луѓе во нарко картелот кој го предводи Раул Флорес. Покрај Маркез на листата се ноѓаат уште 22 членови на бандата.
Маркез практично би човекот по кој кланот бил препознатлив. Колку е сериозна работата покажува и тоа што властите во Америка забранија било каква соработка на американските компании со капитенот на мексиканската репрезентација.
Адвокатот на фудбалерот веќе излезе во јавноста.
„Тоа се глупости, 20 години беше професионален фудбалер, заработи цело богатство, зарем навистина мислите дека би се занимавал со такво нешто“, изјави неговиот адвокат.
Легендарниот капитен член на Барселона седум сезони, одигра 160 натпревари и освои четири титули.