Поранешниот дефанзивец на Ливерпул и Тотенхем Стивен Кокер ќе игра во Африканскиот куп на Нации со репрезентацијата на Сиера Леоне.
Сиера Леоне побара дозвола од ФИФА Кокер да игра за нив, иако фудбалерот ги помина сите англиски селекции. ФИФА му издаде дозвола.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Можеме да потврдиме дека ФИФА дозволи Кокер да настапува за Сиера Леоне“, изјави првиот човек на федерацијата Томас Брима.
Причината поради Кокер имаше право за настап за Сиера Леоне е што неговиот дедо е роден во оваа земја. Во минатото Кокер го носеше дресот на Кардиф, КПР, Данди, а последните две години ги помина во Турција. Прво беше дел од Аланија, потоа се пресели во Фенербахче, па во Газиантеп.