Дома Трансфер зона Можна размена помеѓу Атлетико Мадрид и Манчестер Јунајтед

Можна размена помеѓу Атлетико Мадрид и Манчестер Јунајтед

Статусот на Ентони Марсијал во Манчестер Јунајтед е прилично дискутабилен со месеци, а во последните денови ситуацијата околу неговата иднина ескалираше затоа што неговиот агент се огласи во медиумите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Човекот кој го застапува Французинот изјави дека бара други опциии и дека сака да го напушти клубот. Новиот менаџер на Јунајтед, Ралф Рагник порача дека не разговарал со фудбалерот и дека ако Марсијал сака да замине тоа треба лично да му го каже.

Како и да е Марсијал скоро и да не игра, а кога игра тоа не е на очекуваното ниво.

Сега се појави информација за можна размена со Атлетико Мандрид. „Јорганџиите“ се заинтересирани за Марсијал и на „црвените ѓаволи“ наводно им порачале да изберат некој играч, секако со одредени услови.

Договорот на Марсијал со Јунајтед е до летото 2024 година, во клубот тој е од 2015 година. Според „Трансфермаркт“ неговата вредност е околу 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…