Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ се врати, Денвер конечно победи, трипл-дабл на Дончиќ во поразот на Далас

Јокиќ се врати, Денвер конечно победи, трипл-дабл на Дончиќ во поразот на Далас

Koшаркарите на Денвер конечно ја прекинаа црната сеија од шест порази во низа. Нагетси славеа во Мајами со 120:111.

Никола Јокиќ после паузата од четири натпревари се врати на теренот и беше блиску до трипл-дабл со учинок од 24 поени, 15 скока и 7 асистенции. Констатно од трибините српскиот центар добиваше свирежи. Причина беше инцидентот со Морис на претходниот натпревар помеѓу овие два тима. Морис од тој натпревар не игра поради проблеми со вратот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Далас Маверикс беа поразени со 96:114 од Кливленд. Не беше доволен за Далас и трипл-даблбот на Дончиќ. Лоши вести за Мавси е и повредата на Порзингис. Дончиќ го заврши мечот со 25 поени, 10 скока и 10 асистенции. Повредата на Порзингис можеби предизвика и поголема загриженост во Далас.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Далас – Кливленд 96:114, Филаделфија – Орландо 101:96, Мајами – Денвер 111:120, Чикаго – Шарлот 133:119, Хјустон – Оклахома 102:89, Минесота – Индијана 100:98, Сан Антонио – Вашингтон 116:99, Јута – Портланд 129:107, ЛА – Њу Орлеанс 104:123

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…